Свет 14. септември 2020. / 22:30

(ВИДЕО) Песочна бура ја поклопи Анкара

(ВИДЕО) Песочна бура ја поклопи Анкара

Најмалку шест лица се повредени во главниот град на Турција, Анкара, откако силна песочна бура ја зафати турската престолнина во саботата.

Силниот ветер уништил покриви на голем број згради, а за време на невремето избувнале и неколку пожари.

Гувернерот на Анкара, Васип Сахин соопшти дека првите извештаи покажуваат дека шест лица се полесно повредени откако ги погодиле предмети носени од ветерот.

Првично нема извештаи за жртви или големо уништување на имот.