Свет 03. јануари 2020. / 11:33

(ВИДЕО) Објавени првите снимки од американскиот напад на иранскиот генерал

(ВИДЕО) Објавени првите снимки од американскиот напад на иранскиот генерал

Објавени се фотографии и снимки од уништено возило во кое се наоѓал ирнаскиот генерал Касем Сулејмани по американскиот воздушен напад.

Како што пренесуваат странските медиуми во нападот кој се случил во близина на аеродромот во Багдад загинале вкупно 10 лица.

На фотографии кои ги објави кабинетот на ирачкиот премиер се гледа запалено возило кое е уништено од проектил.

Во меѓувреме објавени се и неколку видео снимки кои наводно го покажуваат моментот веднаш после воздушниот напад.