Свет 03. август 2020. / 11:27

(ВИДЕО) Најмалку 11 загинати во напад на ИД во Џалалбад

(ВИДЕО) Најмалку 11 загинати во напад на ИД во Џалалбад

Најмалку 11 луѓе загинале, а 42 се повредени во бомбашки напад во Џалалабад, источен Авганистан, за кој одговорноста ја презеде Исламска држава.

Нападот почнал откако бомбаш-самоубиец со автомобил-бомба удрил во вратата на затворскиот комплекс во Џалалабад, а потоа голем број вооружени напаѓачи отвотиле оган врз припадниците на авганистанските безбедносни сили. Голем број осуденици избегаале од затворот.

Судирите помеѓу полицијата и екстремистите продолжиле и во текот на ноќта.

Нападот се случува еден ден откако Авганистанската разузнавачка агенција соопшти дека безбедносите сили во близина на Џалалабад убиле командант на ИД.