Снимка од надзорна камера ги прикажува последните моменти од животот на Меган Њутон, додека го пушта убиецот да влезе во нејзиниот дом.
Девојката го поканила убиецот, Џозеф Тревор, кој бил нејзин пријател да преноќи во нејзиниот дом бидејќи бил пијан и земал дрога.
Тревор влегол во домот на неговата жртва во 3.45 наутро на 20. април минатата година по што ја силувал, ја задавил а потоа ја прободел 9 пати.
:
Џозеф Тревор е осуден на 21 година и 65 дена затвор за убиство и 8 години за силување.