Свет 24. септември 2018. / 17:03

(Видео) На Кавказ се појавија ерупции на лава

(Видео) На Кавказ се појавија ерупции на лава

Опасно време од „библиски размери“ го погоди главниот град на Азербејџан, Баку, откако обилните дождови го поплавија централното градско подрачје, а истовремено еруптираше и вулканот кој што се наоѓа во близина.

„Отман-Боздраг“ вулканот во Баку синоќа се активираше и започна да исфрла лава, пепел и чад на висина до 200-300 метри, а сето тоа се случи откако биле забележани две ерупции по ред. Во соопштението на Министерството за животна средина и природни ресурси било потврдено дека вулканот сега е во полн залет.

На подрачјето кое што го опкружува вулканот се појавиле две огромни пукнатини, од кои некои биле длабоки и до 40 метри, предупредуваат од министерството. За среќа во близина на вулканот нема ниту едно населено место, па се избегнати евентуални жртви.

До ерупцијата дошло непосредно откако силно невреме го погодило главниот град на Азербејџан во раните утрински часови. Водата за кратко време ги поплавила главните градски улици и станиците од подземната железница.