Свет 08. јуни 2020. / 13:27

(ВИДЕО) Маж во Сиетл пукаше кон демонстрантите

(ВИДЕО) Маж во Сиетл пукаше кон демонстрантите

Во Сиетл во текот на ноќта е уапсен маж кој се поврзува со пукање врз демонстранти во овој американски град, соопшти полицијата.

Мажот со автомобил влетал во група која протестирала и ранил едно лице, пренесува Танјуг.

Противпожарната служба на Сиетл соопшти дека жртва, маж на околу 20-годишна возраст е превезен во болница и дека е во стабилна состојба.

Полицијата го пронашла оружјето од кое било пукано и верува дека немало други жртви.