Свет 24. јануари 2020. / 11:49

(ВИДЕО) Масовни протести против американските војници во Ирак

(ВИДЕО) Масовни протести против американските војници во Ирак

Илјадници приврзаници на влијателниот, радикален шиитски свештеник, Муктада ал Садр, се собраа на протест во центарот на Багдад, барајќи американски трупи да ја напуштат земјата. Овој собир доаѓа во момент на зголемени тензии во Ирак откако САД на 3 јануари близу Багдад во воздушен напад го уби иранскиот генерал, Касем Сулејмани.

Луѓето собрани на централниот плоштад во Багдад извикувале: Не, не Америка!, а имало и транспаренти на кои пишува: „Смрт за Америка. Смрт за Израел“.

На Твитер е објавена и фотографија од демонстранти кои обесија картонски Доналд Трамп, искажувајќи го на тој начин незадоволството од американското воено присуство во земјата.

Патиштата и мостовите што водат кон силно утврдената Зелена зона, каде што е седиштето на ирачката Влада и неколку странски амбасади, вклучувајќи ја и таа на САД, се блокирани со бетонски бариери.

Полицијата ги затвори и патишта што водат кон местото на протестот, што се одржува под мотот „Марш на милион луѓе“.