Свет 04. март 2020. / 19:17

(ВИДЕО) Летале боксови: Тепачка во турскиот парламент поради Едроган

(ВИДЕО) Летале боксови: Тепачка во турскиот парламент поради Едроган

Во турскиот парламент дошло до пресметка помеѓу пратениците во текот на говорот на членот на опозициската Републиканска народна партија Енгин Озкоч кој претходно го обвинил претседателот Реџеп Тајип Ердоган дека не ги почитува војниците коишто загинаа во Сирија.

На снимките од парламентот се гледаат десетици пратеници кои учествуваат во тепачката, некои  се качуваат на масите или ги удираат колегите, додека други се обидуваат да ја спречат тепачката.

Озкоч исто така го обвинил Ердоган дека е неодговорен бидејќи  испраќа војници во конфликтот без воздушна поддршка.