Свет 24. март 2019. / 21:00

(ВИДЕО) Илјадници протестираа во Шпанија за забрана на абортусот

(ВИДЕО) Илјадници протестираа во Шпанија за забрана на абортусот

Неколку илјади луѓе протестираа во центарот на Мадрид против абортусот, кој во Шпанија е одобрен во првите 14 недели од бременоста. Извикувајќи слогани – „Да за животот“ и „Обединета младина во борбата за живот“, демонстрантите прошетаа по улицата „Серано“ и во воздух пуштија стотина зелени балони во знак сеќавање на неродените.

Абортусот треба да се забрани. Уште од зачетокот постои живот кој е независен од мајката и кој ги има сите права, рекла Алехандра Антон, 32-годишна медицинска сестра која дошла на протестот со сопругот и со двете мали деца.

Собирот кој пројде во свечано издание, со транспаренти како „Право на живот е за сите без исклучок“, организиран е на повик на здружението ДА за животот.