Свет 04. октомври 2020. / 19:38

(ВИДЕО) Илјадници демонстранти на улиците во Минск: Белоруската полиција употреби водени топови

(ВИДЕО) Илјадници демонстранти на улиците во Минск: Белоруската полиција употреби водени топови

Илјадници демонстранти се собраа и денеска во Минск, кои од властите бараат да ги ослободат политичките затвореници, пренесува Ројтерс.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека белоруската полиција за време на протестите користела водени топови поставени на оклопно возило, а веста ја пренела и руската агенција Интерфакс, пишува РТС.