Свет 02. декември 2018. / 14:01

(ВИДЕО) Илјадници демонстранти на протест против јагленот во Берлин

(ВИДЕО) Илјадници демонстранти на протест против јагленот во Берлин

Илјадници демонстранти излегоа на протест во Берлин против употребата на јагленот како погонско гориво во фабриките.

Протестот се одржува на ден пред почетокот на Самитот за климатски промени во соседна Полска.

Протестите во Берлин, како и во Келн ги организираа групи за заштита на животната средина , кои носеа пароли „Стоп за јагленот” и „Иднина без јаглен”.

Некои од учесниците беа облечени во маски на дрва што горат и црни облаци, за да укажат на промената на климата.