Свет 09. јуни 2019. / 22:19

(ВИДЕО) Голем пожар уништи станбен блок во Лондон

(ВИДЕО) Голем пожар уништи станбен блок во Лондон

Во источниот дел од Лондон денеска изби пожар во станбен блок кој зафати станови од подземјето до шестиот кат, објави на „Твитер“ локалната противпожарна бригада.

„Ројтерс“ пренесе дека на местото на пожарот упатени се 15 противпожарни возила и 100 пожарникари. Портпаролот на полицијата изјави дека нема повредени и во тек е затворањето на околните улици.

Пожарот избувнал во областа Депас Гарденс, каде живее претежно сиромашно население.