Конфронтацијата на море помеѓу Украина и Русија создаде непредвидливост во нивните, и така, конфликтни односи.
Целата меѓународна заедница го осуди нападот на рускиот агресор врз украинските бродови. Државниот секретар на САД, Мајк Помпео ја нарече акцијата „опасна ескалација”, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека нема „оправдување за агресијата на Русија”.
Вчера Столтенберг ја повика Русија да ги ослободи бродовите и морнарите. Тој порача дека нема оправдување за користењето на воена сила од страна на Русија против украинските бродови и морнари. Според него, сите сојузници изразиле поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
Американскиот амбасадор во ОН, Ники Хејли за време на вчерашниот состанок на Советот за безбедност ја предупреди Русија дека запленувањето на трите украински бродови е прекршување на суверенитетот на украинската територија. Според неа, тоа е арогантен акт кој треба да биде осуден од меѓународната заедница.
Инаку украинскиот министер за внатершни работи објави снимка како се судрија руските и украинските бродови.
Украинската Врховна рада вчера го одбри претседателскиот указ за воведување воена сосотојба во делови од Украина за период од 30 дена, почнувајќи од 28 ноември.
За предлог-законот за стапување во сила на указот за воена состојба на украинскиот претседател Петро Порошенко гласаа 276 пратеници во Парламентот, а 226 беа против.
Порошенко потпиша указ за прогласување воена состојба во земјата до 25 јануари, но на тоа се спротивставија опозициските партии, а се појавија и шпекулациите дека таа се воведува само за да се одложат претседателските избори. По консултации со претставници на парламентарните партии Порошенко реши воената состојба да важи 30 дена, со цел претседателски избори да се одржат непречено во предвидениот рок.
Тензиите меѓу Украина и Русија околу Азовско Море ескалира кога Киев ја обвини Русија дека нападнала украински брод и го блокирала пристапот до морето, кој се наоѓа меѓу Крим и источна Украина. Ситуацијата брзо ескалираше. Украина ја обвини Русите дека задржала три украински брод, а претходно и пукале во нив, во оваа стратешка зона.
Двата блиндирани брода „Бердјанск“ и „Никопол“ и реморкерот „Јани Капу“ се обиделе да влезат од Црното Море во Керченскиот Теснец Теснец. Од вкупно 23 војници на бродовите, шестмина биле повредени во судирите, од кои двајца се во сериозна здравствена состојба, соопшти украинската армија.
Русија го потврди задржувањето на бродовите и „употребата на оружје”, обвинувајќи ги украинските бродови за „вршење нелегални активности во руските територијални води”.
Украинската флота соопшти дека однапред ја предупредила Русија за трасата на трите задржани бродови. Според неа, бродовите минале неколку часа во Керчанскиот Теснец, додека танкер за нафта, лоциран под Кримскиот мост, кој поминува над теснецот, го блокирал пристапот до него.
Овој теснец, кој е единствениот воден пат помеѓу Црното Море и Азовското Море, е стратешка оска од огромно значење за Русија и Украина.
Европската унија и НАТО ги повикаа Русија и Украина да покажат воздржаност и да ги намалат тензиите во Азовското Море.
„Очекуваме Русија да ја обнови слободата на движење во Керченскиот Теснец и ги повикуваме сите страни да дејствуваат со максимална воздржаност за веднаш да се намалат тензиите”, се наведува во реакцијата од ЕУ.
Настаните во Азовското Море покажуваат до што може да доведе „пренебрегнувањето на основните правила на меѓународната соработка“, се вели во соопштението од Брисел. ЕУ забележува дека „изградбата на Керченскиот мост (од Русија) беше спроведена без согласност на Украина и е уште едно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет”.
ЕУ „не ја признава и нема да ја признае нелегалната анексија на Крим од страна на Русија”, се заклучува во изјавата.
НАТО соопшти дека целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, вклучувајќи ги и правата и на пловење во сопствените територијални води.
НАТО ги повика Русија и Украина на воздржаност и смирување на тензиите во Азовско Море.
– НАТО внимателно го следи развојот на ситуацијата во Азовско Море и Керченскиот Теснец и ние одржуваме контакт со украинските власти. Повикуваме на воздржаност и намалување на тензиите, изјави портпаролката на НАТО Оана Лунџеску.
– Ја повикуваме Русија да обезбеди слободен пристап до украинските пристаништа во Азовско Море, во согласност со меѓународното право”, истакна таа.