Свет

(Видео) Досега четири жртви од ураганот ,,Флоренс”

(Видео) Досега четири жртви од ураганот ,,Флоренс”

Досега се пријавени четири жртви само неколку часа откако суперураганот го погоди источниот брег на САД .

Први загинаа мајка и дете во градот Вилмингтон , кој беше прв на удар на ураганот. Тие загинале кога дрво паднало врз автомобилот , додека мајката се обидувала да избега пред поплавите.

Третата жртва е болна жена , на која и се слошило , а итната помош не можела да пристигне поради паднати дрвја на патот. Како што јавуваат американските медиуми , и покрај предупредувањата да се исклучат сите апарати во поплавените региони, четвртата жртва е маж , кој се обидел да вклучи генератор за струја во областа Леноар во Северна Каролина. .

На прес конференција државниот секретар Мајк Помпео им изрази сочуство на семејствата на жртвите и рече дека претсеедателот Трамп одблизу ги следи настаните. Трамп следната недела ќе ги посети погодените региони , најави Белата куќа.

Градот Вилмингтон е целиот под вода , а преостанатите жители постојано се предупредуваат да не излегуваат надвор од домовите.