Свет 25. јануари 2020. / 17:52

(ВИДЕО) Демонстрантите во Париз бараат гилотина за Емануел Макрон

(ВИДЕО) Демонстрантите во Париз бараат гилотина за Емануел Макрон

За време на последните протести против пензиската реформа во Франција, претседателот Емануел Макрон, беше мета на големи и сериозни навреди.

Ова беше особено случај за време на „маршот на факелот“ во Париз, за време на кој демонстрантите се повикуваа на смртта на кралот Луј Шеснаесетти, којшто беше гилотиниран на 21 јануари 1793 година.

– Луј Шеснаесетти, го обезглавивме – со Макрон можеме повторно да почнеме – гласеше еден од транспарантите што ги носеа демонстрантите.

Некои од демонстрантите користеа пароли или многу нападни слики против шефот на државата. На пример, беше поставено „собирање средства за гилотина“ на плоштадот де ла Конкорд, местото на пристигнување на поворката, но и истото место каде што беше обезглавен кралот Луј Шеснаесетти. На истиот тој плоштад беше напишана паролата „Смрт на кралот, зад твоите полицајци тебе ти е страв“.


Како и во последните недели, за време на демонстрациите се слушнаа и повеќе „класични“ пароли, како што се повиците за оставка на Емануел Макрон.

Ваквите повици предизвикаа внимателност кај извршната власт, па така патот до Елисејската палата од Конкорд беше блокиран од бариери и беа распоредени бројни жандарми. Будноста, без сомнение, се зголеми уште од краткото евакуирање на Емануел Макрон од театарот „Буф ди Норд“.