Илјадници демонстранти кои протестираат против либанската политичка елита блокираа улици во Бејрут спречувајќи ги пратениците да стигнат до Парламентот, поради што беше одложена парламентарната седница.
Седницата беше закажана иако Либан се уште нема влада по оставката на премиерот Саад Харири поради протести од средината на октомври.
Демонстрантите ја доведоа во прашање уставноста на седницата во таква ситуација.
Scuffles break out as protesters block parliament building #Lebanon #Beirut pic.twitter.com/HHWQk8g536
— Ruptly (@Ruptly) November 19, 2019
Седницата беше откажана и минатата недела по протести.
Демонстрантите се судрија денеска со полицијата откако затворија улици што водат кон зградата на парламентот во Бејрут.
Еден пратеник кој се упати кон зградата мораше да се оддалечи, по што неговите телохранители пукаа во воздух. Никој не е повреден во пукањето.
#Beirut protesters attack MP’s convoy, bodyguards open fire in the air pic.twitter.com/2LlPrpNy7v
— RT (@RT_com) November 19, 2019
Претседателот на Либан, Мишел Аун не одреди датум за консултации за да се избере нов премиер и постојат длабоки разлики меѓу политичките сили за составот на идната влада.
Харири поднесе оставка на 29 октомври како одговор на протестите што избувнаа околу предлозите за наметнување нови даноци, но подоцна прераснаа во повици за отстранување на владата и целата политичка елита што управува со Либан од крајот на граѓанската војна 1975-1990.