Свет 13. август 2019. / 18:16

(ВИДЕО) Австралија: Граѓани спречија маж да направи масовен колеж, откако пред тоа прободел една жена

(ВИДЕО) Австралија: Граѓани спречија маж да направи масовен колеж, откако пред тоа прободел една жена

Еден маж е уапсен денес во централниот ден на Сиднеј, Австралија, откако со нож прободе една жена. Брзата и реакција на граѓаните кои се најдоа во близина на инцидентот спречи нови жртви и повредени кои се наоѓаа во околината на случувањата.

Уште една жена беше пронајдена мртва во стан на истата улица на која се случи немилиот настан.

Според сите информации кои ги имаме на располагање, можеме да ги поврземе двете криминални дела – рече првиот човек на полицијата Мик Фулер.

Тој додаде дека напаѓачот бил едниствениот напаѓач и дека тој имал дијагноза и се соочувал со проблеми со менталното здравје.

Поради извиците „Еден е алах“ при нападите, полицијата во Сиднеј се сомнева дека напаѓачот имал некои идеолошки поврзувања со тероризмот, но немал конкретна поврзаност со некои терористички организации.

Се верува дека сега уапсениот напаѓач поседувал снимки од масовни убиства во Нов Зеланд и во САД.