Свет 16. октомври 2019. / 17:15

(ВИДЕО) Припадничка на шпанските специјалци за влакно избегна линч на улица во Барселона

(ВИДЕО) Припадничка на шпанските специјалци за влакно избегна линч на улица во Барселона

Еден полицаец во цивилка спаси припадничка на шпанските специјални полициски сили да не биде линчувана од толпа во Барселона.

Во видео објавено од шпанската Цивилна гарда се гледа како специјалката останува целосно опкружена од толпа каталонски радикали, познати како Комитет за одбрана на Републиката (ЦДР), коишто ја соборија на земја и почнаа да ја удираат. Сепак, по енергичната реакција на полицаецот во цибилка, линчот беше сопрен, а припадничката на специјалните сили спаси „жива глава“.

Инцидентот се случи за време на протестите во Барселона против одлуката на шпанскиот Врховен суд за „Процес“, со која се потврдуваат затворските казни за неколкумина каталонски политички лидери. Таа судска одлука предизвика масовни насилни протести во кои демонстарнтите поставуваат барикади по улиците.