Свет 08. декември 2020. / 10:07

(ВИДЕО) 90-годишна жена од Северна Ирска е прва која ја прими вакцината против Ковид-19 во Велика Британија

(ВИДЕО) 90-годишна жена од Северна Ирска е прва која ја прими вакцината против Ковид-19 во Велика Британија

Велика Британија од денска ја почна масовната програма за вакцинирање против Ковид-19. Првата која ја примила вакцината против коронавирусот надвор од тестирањата е 90-годишната жена од Северна Ирска.

Маргарет Кинан, која следната недела ќе наполни 91 година, по примањето на вакцината, рече дека ова и е најдобриот роденденски подарок.

-Се чувствувам привилегирано што сум првата личност која се вакцинира против ковид-19. Ова е најдобриот роденденски подарок што можев да го посакам и значи дека во новата година ќе можам да поминам малку време со семејството и пријателите, откако речиси цела година бев сама, изјави Кинан.

Први ќе се вакцинираат во Британија лицата над 80 години, и здравствени работници вработени во старечки домови.

Британија ја одобри вакцината која заеднички ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“. На тестирањата истата покажа ефикасност од 95%. Британија е прва земја во Светот која одобри вакцина против ковид-19. Се очекува до крајот на годинава да бидат вакцинирани 400 илјади лица.