Свет 26. јули 2020. / 11:43

Велика Британија воведе задолжителен карантин за сите патници што доааѓаат од Шпанија

Велика Британија воведе задолжителен карантин за сите патници што доааѓаат од Шпанија

Откако во Шпанија во изминатите денови има значително зголемување на бројот на нови заразени со корона вирусот, Велика Британија ги предупреди своите државјани да не патуваат во Шпанија. Истовремено, официјален Лондон ја тргнаа Шпанија од списокот на безбедни земји за влез во Велика Британија, односно воведе задолжителен 14-дневен карантин за сите граѓани што доаѓаат од Шпанија.

Британското Министерство за транспорт соопшти дека и британските граѓани што се враќаат од одмор од Шпанија ќе мора да се самоизолираат.

По значителната минатонеделна промена во бројот и темпото на раст на заразени Шпанија е отстранета од списокот на земји од кои луѓето можат да се вратат во Велика Британија без самоизолација – се вели во соопштението.

Владата апелираше до луѓето кои веќе се на одмор во Шпанија да се вратат дома, како и да ги следат информациите и советите на министерството.

Заштитата на јавното здравство е наш апсолутен приоритет и ја донесовме оваа одлука да го ограничиме значајното ширење на инфекцијата во Велика Британија – соопштија од министерството.

Во Шпанија, во последните два дена дневно се регистрираат повеќе од 900 нови инфекции. Шпанските власти предупредуваат дека земјата може да се соочи со втор бран на инфекцијата.