Свет 13. февруари 2021. / 17:31

Вакцинирани над 135 милиони луѓе

Вакцинирани над 135 милиони луѓе

Според најновите податоци објавени од научната онлајн публикација „Нашиот свет во податоците“, повеќе од 135 милиони луѓе ширум светот примиле вакцина против ковид-19.

Од тоа, повеќе од половината се дадени во САД, Европската унија и Велика Британија.

Во моментов, неколку вакцини се во оптек низ целиот свет, а според Алијансата за вакцини „ГАВИ“  (финансиран од ООН), ова е прв пат во историјата да се развиваат толку многу вакцини за толку краток временски период.

Сите вакцини се разликуваат во начинот на примање, ефикасноста, потребните дози и температурата на складирање на вакцините.

Во повеќето земји, први кои примаат вакцини се луѓето од прва линија, односно, здравствените работници, по што следуваат лица со тешки и хронични болести и постари лица.

Во земји како ОАЕ, Израел, во тек се масовни вакцинации на општата популација.