Свет 12. август 2018. / 22:47

Уште еден силен земјотрес ја потресе Алјаска

Уште еден силен земјотрес ја потресе Алјаска

Два земјотреси во период од 15 минути ја потресоа Алјаска.

Како што пишуваат америсканските медиуми, првиот земјотрес бил со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала. Погоден е југозападниот дел на Алјаска, а епицентарот се наоѓал 64 километри од Кактовик.

Вториот земјотрес се случил петнаесетина минути подобна и бил со јачина од 5,1 степени, а епицентарот е во Фербанкс, втор по големина град на Алјаска.