Свет 26. декември 2019. / 13:15

Украина отворила истрага за рускиот воз што пристигна на Крим

Украина отворила истрага за рускиот воз што пристигна на Крим

Украински обвинители отвориле истрага откако првиот руски патнички воз пристигна на Крим преку мостот што овој полуостров во Црно море го поврзува со Русија.

– Патничкиот воз од Санкт Петербург во средата илегално ја мина украинската граница на Кримскиот мост – сооопшти канцеларијата на украинскиот државен обвинител.

Граѓаните на Крим на референдум одлучија да се припојат кон Русија пред пет години, а оваа стратешки важна територија во Црно море по копно е споена само со Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин во понедленикот свечено го отвори железничкиот мост што ги спојува Крим и Русија преку Керчискиот теснец.

Рускиот претседател минатата година отвори и мост за лесни возила.

Изградбата на новиот мост беше изложена на критики од Европската унија, која соопшти дека тоа „претставува уште едно руско кршење на украинскиот суверенитет и територијален интегритет“.