Свет 20. јули 2018. / 11:40

Украина и Турција заеднички ќе го развиваат товарниот авион Ан-188

Украина и Турција заеднички ќе го развиваат товарниот авион Ан-188

Украина и Турција се во преговори за заедничко производство на воен товарен авион, јави весникот „Дејли Сабах“.

Според весникот, украинската компанија „Укроборонпром“ и украински „Антонов“ го планираат новиот авион Ан-188, со носивост од 50 тони.

За таа цел, се очекува турска делегација наскоро да го посети Киев и да ги комплетираат преговорите за формирање на заедничка компанија со турската авиокомпанија ТАИ.