Осум војници загинаа денеска во напад на камп за обука на либиските вооружени сили на Калиф Хафтар во јужниот град Себхи, изјави шефот на локалната управа Хамед ал-Кајали.
Тој изјави дека на еден од војниците му била отсечена главата, додека другите биле масакрирани.
Извор во Либиската национална армија на Хафтар ја обвинил „Исламска држава“ за нападот.
Градот Себх, како и поголемиот дел југот на Либија, ги контролира Либиската национална армија, но тие од претходно префрлија поголем дел од силите северно спрема Триполи, кој го контролира меѓународно признатата Влада.
Либиската национална армија се соочи со силен отпор на етничката група Тебу во текот на кампањата на југот на земјата.
Милитантите на Исламска држава активни се на југот на Либија каде во последните месеци извршиле повеќе напади.
Групата се повлекла на југ откако го изгубила упоритето во централниот град Сирт во декември 2016 година.
Либиската национална армија на генерал Калиф Хафтар на 4 април започна офанзива на Триполи, каде е седиштето на меѓународно призната Влада за национално единство, на премиерот Фајез ел Сараџа.