Свет 05. декември 2018. / 10:52

Убиената тинејџерка била Србинка: Мигрант од Кенија ја силувал и претепал до смрт

Убиената тинејџерка била Србинка: Мигрант од Кенија ја силувал и претепал до смрт

Германските медиуми открија нови детали од најновото брутално убиство на малолетна девојка од страна на мигрант.

17-годишната Елма Ц. имала српско потекло и била убиена во бегалски камп во градот Санкт Аугустин во близина на Бон на западот на Германија.

19-годишниот Кениец, Брајан С. го признал злосторството и открил дека ја убил девојката после расправа. Истрагата утврдила дека несреќната девојка најпрвин била силувана, а потоа и претепана до смрт. Мртвото тело на Елма било чувано два дена во соба во бегалскиот центар.