Во близина на Виена е убиена 16 годишната Мануела К. , а полицијата е во потера по Сириец , кој најверојатно го извршил убиството.
Утрово во паркот Винер Науштат во близина на виена е најдено телото на 16 годишната тинејџерка Мануела К. Телото било скриено под лисја во паркот.
Полицијата објави потерница по 18 годишниот Сириец Јазан А. кој бил во врска со девојката и за кого смета дека го извршил убиството.
Вчеравечер девојката со својата пријателка излегле во неколку ресторани . Но , кога утрово не се вратила дома , родителите ја алармирале полицијата.
Нејзиното тело го пронашла мајка и околу 9.30 часот утрово . паркот е само на неколку метри оддалечен од семејната куќа , каде што живеела девојката со родителите.