Млада новинарка е убиена во Лондондери во Северна Ирска откако настанале нереди, а полицијата ова убиство го третира како „терористички инцидент“.
–Потврдуваме дека после вооружена престрелка убиена е 29-годишна жена, соопшти полицискиот функционер Марк Хамилтон и додаде дека истрагата за убиството е отворена, како и тоа дека се сомневаат дека станува збор за терористички акт.
Локалните медиуми денеска пренесуваат дека непознати лице пукале во полицијата, додека тие вршеле рутинска контрола во Лондондери.