Градоначалникот на Вале Де Калча, предградие на Мексико Сити, Франциско Тенорио Контрерас вчера бил убиен додека бил во обиколка на згради во изградба.
Контрерас бил застрелан додека бил на градилиште, а потоа во болница им подлегнал на повредите, соопшти полицијата.
Според Здружението на мексикански градоначалници, годинава биле убиени четворица градоначалници, а минатата година осум.
Контрерас претходно годинава изјавил дека добивал закани со смрт.