Еден од лидерите на огранокот на Исламската држава на Синајскиот полуостров, Абу Џафар ал-Макдеси е убиен, соопшти ИД.
Новинската агенција ИС Амак, соопштила доцна синоќа дека ал-Макдеси е убиен и го нарекоа маченик.
Со извештајот објавена е и фотографија од младич со брада, пренесе АП.
ИД соопштила дека ал-Мекдеси е убиен на почетокот на овој месец, но не презицираат каде, ниту под кои околности.
Египет со години се бори поротив екстремистите, но бунтот на Синајскиот полуостров се зајакна по отстранувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морсиј во 2013 година.
Во февруари во Египет е покрената операција против екстремистите, во делот кај делтата на Нил, како и во западната пустина, на границата со Либија.