Три возрасни лица и тинејџерка беа уапсени во Франција за планираниот напад врз безбедносните сили во следните денови, објавија француското обвинителство.
Од Министерството за правда го опишаа планираниот напад како „екстремно насилен“, пренесува AFP.
Сите четворица се уапсени во петокот, како дел од истрагата за терористички заговор, но во моментов не се достапни информации за планираниот напад.
–Четворицата се приведени поради планирање на екстремно насилен терористички напад, изјави министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер.
Еден од осомничените е малолетник, кој е на условна казна во установа, откако бил осуден на 3 години – поради обид да патува до Сирија, соопштија париските обвинители.
Другите тројца се познати на органите за спроведување на законот, според извор близок до истрагата.