Свет 03. март 2020. / 12:30

Турските сили соборија уште еден сириски авион над Идлиб

Турските сили соборија уште еден сириски авион над Идлиб

Туската војка соборила сириски воен авион „Л-39“, на сириската покраина Идлиб, соопшти турското Министерство за обрана.

Сириската новинска агенција Сана претхоно објави дека сирискиот авион на Воените сили бил на мета на турската војска, но не објави детали за тоа што се случило со авионот.

Туските медиуми јавија дека сирискиот авион бил соборен од турски авион Ф-16.

Не е познато дали турскиот авион влегол во воздушниот простор на Сирија за да го изврши нападот.

Доколку се утврди дека авионот бил уништен, тоа ќе биде трето летало на Воените сили на Сирија што беше соборено од турските сили во послените три дена во Идлиб.