Турските обвинители издадоа налози за апсење на 22 поранешни и војници на должност, поради нивната поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението издадено од Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара, налозите за апсење се издадени за персоналот на турските Воздухопловни сили, вклучувајќи и шест поранешни пилоти.
„Осомничените се обвинети за комуникација со припадници на ФЕТО“, се вели во соопштението.
Досега осум осомничени лица се уапсени во операциите спроведени во 14 области, вклучувајќи го и главниот град Анкара.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 250 луѓе, а околу 2.200 беа повредени.
ФЕТО води долготрајна кампања за соборување на власта преку инфилтрирање на своите следбеници во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.