Четворица турски војници загинале во југоисточна Турција, каде турската армија се бори против курдските бунтовници.
Тројца загинале во текот на престрелката и тоа биле убиени случајно од други припадници на турската армија. Четвртиот загинал кога Курдите активирале бомба додека поминувало воено возило.
Во деценискиот воен конфликт меѓу турските воени сили и курдските бунтовници, досега имаат загинато десетици илјади луѓе, војници, но и цивили.