Свет 24. септември 2018. / 16:34

Турската армија елеминира 33 курдски терористи

Турската армија елеминира 33 курдски терористи

Најмалку 33 ПКК-терористи беа неутрализирани за време на антитерористички операции во Турција изминатата недела, изјавија од Министерството за внатрешни работи.

Според изјавата на турското МВР, вооружените сили извршиле 2.425 копнени и воздушни операции во периодот помеѓу 17-24 септември. Од Министерството додаваат дека дваесетина терористи биле убиени, деветмина заробени, а четворица своеволно се предале.

Безбедносните сили уапсиле 3.992 лица за криминални дејства поврзани со дрога и шверц, а 67 лица биле уапсени за поддршка и учество во терористички организации. Во операциите се запленети 12 рачни гранати, 392 килограми експлозивни хемикалии, седум импровизирани експлозиви, 19 пушки и 14.666 единици муниција.

Според соопштението, во акцијата уништени се 14 терористички бункери. Меѓу арсеналот запленети се 753.096 килограми дрога, 159.771 коренчиња канабис, како и 110.731 литри шверцувано гориво. ПКК веќе над 30 години извршува терористички напади во Турција во кои загинаа преку 40.000 лица, вклучително и жени и деца.