Свет 04. октомври 2018. / 10:12

Турист во Турција заврши во болница: Украл дијамант и го проголтал

Турист во Турција заврши во болница: Украл дијамант и го проголтал

Турист во Турција заврши во болница откако проголтал украден дијамант вреден 40.000 долари, јавува Anadolu Agency (AA).

Репортерот на АА јавува дека туристот од Ирска, Лен Кемпел, вредниот дијамант го украл во златара во турскиот фрад Мармарис.

Вработените на златарата со преглед на снимките на надзорните камери откриле дека 54-годишниот Кемпел го украл скапоцениот камен и случајот го пријавиле во полиција.

Во моментот на доаѓањето на полицијата во хотелот, Кампел во обид да побегне го голтнал скапоцениот камен.

За време на полициското испитување тој не се чувствувал добро, а со прегледот во болницата му е пронајден дијамант во желудникот.

Приведениот по вадењето на дијамантот бил предаден на надлежните институции на понатамошно процесуирање.