Турција доцна синоќа ја почна воената офанзива во северна Сирија.
Операцијата, која ја објави лично претседателот Ердоган ја почнаа турските воени авиони, кои бомбардираа повеќе цели врз курдските сили.
Целта на Анкара е да создаде таканаречена “безбедна зона” без присуство на курдската милиција, во која е планирано да се сместат дел од трите и пол милиони сириски бегалци сместени во Турција. Дел од турските медиуми објавија дека операцијата го алармирала и соседен Ирак, кој на границата со Сирија веќе почнал да распоредува војска.
Американскиот претседател Трамп претходно се закани со санкции кон Анкара, ако турската офанзива ги надмине границите на дозволеното.