Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека руските системи за воздушна одбрана Ц-400 се компатибилни со американските борбени авиони Ф-35 и не претставуваат закана за НАТО.
Според него тие не претставуваат закана за системите и за сојузниците на НАТО.
– Ние сметаме дека Ц-400 и Ф-35 се компатибилни, рече Чавушоглу за време на Светскиот економски форум во Давос.
Тој исто така предложи да се формира работна група, под раководство на НАТО, за да се разгледа прашањето.