Најмалку седум лица загинаа, а 19 се повредени во сообраќајна несреќа која утрово се случила на југот на Турција.
На патот во дистриктот Огузели дошло до директен судир на камион и минибус. Возилото превезувало земјоделски работници кон полињата во Килис.
Од полицијата соопштиле дека на местото на несреќата загинале четири лица, а повредени биле 22 лица. Во болница починале уште тројца повредени, а меѓу останатите 19 животно загрозувачки повреди имаат тројца.
Меѓу загинатите се и двајцата возачи, а истрагата за причината за несреќата е во тек.