Во југоисточниот турски град Батман фатен е терорист кој во овој град планирал да изведе терористички напад, а фатен е во автомобил кој го запрел со автостоп, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА од безбедносни извори, екипите на турската жандармерија покренале акција по дојавата дека на територијата на Турција илегално влегол терорист, кој во градот Батман планира да изведе терористички напад на високи функционери.
Припадниците на жандармеријата го запреле сомнителниот автомобил на патот кон центарот на градот Батман, на локацијата Тузлагозу. Поради сомнителното однесување, жандармеријата претресла едно лице, кај кое пронашла пиштол и една рачна бомба.
Утврдено е дека станува збор за припадник на терористичката организација ПКК, Саит Илмин, со кодно име „Ројхат“, како и тоа дека планирал да изведе напад на високи функционери во турскиот град Батман.
За „Ројхат“ се наведува дека бил многу близок со Дуран Калкан, едно од клучните имиња на ПКК. Криминалистичката обработка е во тек.