Свет

Турција: Седум тони хашиш запленети кај курдските герилци

Турција: Седум тони хашиш запленети кај курдските герилци

Турските безбедносни сили заплениле над седум тони хашиш, произведен од страна на бунтовичката Курдска работничка партија (ПКК).

Дрогата била запленета во југоисточна Турција, во близина на Дијарбакир.

Опсежната операција на турските сили почнала на 10 септември, а во акциите биле откриени и плантажи со марихуана. Се смета дека производството и шверцот на дрога е еден од главните извори на приходи на ПКК, која се бори за автономија на курдите во Турција, во конфликт кој во изминатите 30-ина години однесе над 40.000 животи.

Освен дрогата, турските полицајци заплениле и експлозив и муниција.