Турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Есрој, соопшти дека Турција воспоставува посебни хигиенски мерки за да се подготви за враќање на туристите.
Есрој објасни дека процесот ќе се одвива чекор по чекор, а до крајот на мај ќе бидат укинати ограничувањата за патување во рамки на државата, по што постепено ќе се воведуваат и меѓународни летови.
Владата развила програма за издавање сертификати за хотели и ресторани, кои ќе мораат да ги задоволат строгите критериуми. Есрој прецизира дека има вкупно 132 критериуми, кои вклучуваат почитување на хигиенски услови и физичка дистанца. Вработените, исто така, ќе мора да бидат обучени за спречување на ширењето на инфекцијата. Се укинува самопослужувањето со храна и пијалаци.
Владата објави и попис на болници со нивните капацитети, кои ќе бидат достапни во популарните туристички дестинации.
Туризмот е значен дел од турската економија, а пред пандемијата, турските власти за годинава очекуваа 58 милиони гости. Есрој вели дека корона вирусот во Турција е под контрола и дека земјата може да очекува 63 милиони туристи во 2021 година.