Свет 20. октомври 2018. / 19:32

Турција: Саудијците нема да се извлечат доколку се виновни за Кашоги

Турција: Саудијците нема да се извлечат доколку се виновни за Кашоги

„Саудиската администрација нема да може да се извлече од оваа казна ако биде потврдена”, изјави заменик претседателот на влдејачката партија АКП, Нуман Куртулмуш

Владејачката турска Партија на правдата и развојот (АКП) соопшти дека Анкара „никогаш не ќе дозволи затајување на резултатите од истрагата” за убиство на саудискиот новинар Џемал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Заменик претседателот на АКП, Нуман Куртулмуш, изјави дека Турција објави докази за смртта на Кашоги и додаде дека „крајниот резултат на истрагата е блиску”, пренесе Асошиејтетпрес.

Саудиска Арабија претходно денеска изјавува дека Кашоги го загубил животот во тепчка која настанала во конзулатот, поради што беа уапсени 18 лица, но не ги призна тврдењата на Анкара дека новинарот бил мачен, убиен и отсечен на делови, а неговото тело е сокриено.