Турскиот суд во Измир осуди 104 лица на доживотна казна затвор, поради учество во неуспешниот пуч во 2016 година.
Судот осудил и 21 лице на 20 години затвор поради навреди изречени против Реџеп Тајип Ердоган и 31 лице на 10 години и шест месеци за членоство во терористичка организација.
Повеќе од 240 лица, главно невооружени цивили, загинале во ноќта на 15 јули 2016 год. кога имало обид за напад на парламентот.
Турската влада за пучот го обвинува имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и негира дека го организирал пучот.