Свет 25. ноември 2020. / 20:47

Турција одлучи: Ќе набави 50 милиони вакцини од Кина

Турција одлучи: Ќе набави 50 милиони вакцини од Кина

Турција потпиша договор со кинеската фармацевтска компанија „Синовак Биотек“ за набавка на 50 милиони дози вакцина против Ковид-19, соопшти денеска турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Тој додаде дека испораките ќе бидат извршени во декември оваа година и јануари и февруари 2021 година.

– За нас најважно е да почнеме да даваме вакцина која е проверено ефикасна и сигурна, рече Коџа.