Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека ќе поднесе предлог-закон за испраќање војници во Либија веднаш по продолжувањето на работата на Парламентот. Ердоган појасни дека одлуката за ангажманот на турските воени сили доаѓа како одговор на покана на земјата, пишува весникот „Сабах“.
Ердоган изјави дека воениот мандат за испраќање војска во Либија ќе биде на дневен ред на Парламентот на 8-9 јануари.
Тој ги критикуваше земјите што го поддржаа источниот либиски воен лидер Калифа Хафтар, а не Фајез ал Сарај.
– Тие го поддржуваат воинот, но ние ја поддржуваме легитимната влада и ја прифаќаме нивната покана да испратиме војска. Ова е нешто што не прави различни – изјави Ердоган.
Претседател ја повтори решеноста на Турција да ја обезбеди потребната помош на администрацијата во Триполи, за која тврди дека се бори против „командантот Хафтар, поддржан од разни европски и арапски страни“.
Ердоган исто така ја повика Европа да преземе активности за хуманитарната криза во сириската провинција Идлиб.