Свет 29. август 2018. / 11:33

Турција ќе гради поморска база во Северен Кипар

Турција ќе гради поморска база во Северен Кипар

Турција планира да изгради поморска база на северната, турската страна на Кипар, на територијата на самопрогласената непризнаена држава. Турската морнарица веќе поднесе барање до министерството за надворешни работи да започне постапка за наоѓање на соодветно место на островот за да ја изгради базата, пишуваат грчките медиуми.

Базата е неопходна затоа што многу други земји, како што се Велика Британија, САД, Шпанија, Италија, Канада, Данска, Португалија, Белгија, Германија и Грција, ги користат судирите во Сирија за да го оправдаат своето присуство во источниот Медитеран. Според грчките аналитичари, ако тврдењата на весниците се покажат како точни, тоа би можело да ги загрози напорите за решавање на повеќегодишниот спор околу Кипар.