Свет 24. октомври 2018. / 10:36

Турција: Издадена наредба за апсење на 56 лица поврзани со ФЕТО

Турција: Издадена наредба за апсење на 56 лица поврзани со ФЕТО

Во Истанбул е издадена наредба за апсење на 56 лица во рамки на истрагата за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, објави приватниот телевизиски канал Си Ен Ен-Турк.

Се претпоставува дека осомничените биле корисници на мобилната апликација Бајлок (ByLock), користена за подготовка и реализирање на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година.

Според турските власти, мрежата на Ѓулен – ФЕТО го организирала и извршила пучот, при што 250 луѓе загинаа, а околу 2.200 беа повредени.