Во подрачјето на Ајваџик, кое се наоѓа во турскиот град Чанаккале, фатени се 101 илегален мигрант кои на нелегален начин се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, тимовите на Жандармериската команда во Ајваџик извршиле две посебни операции во местото Јешил Лиман во село Корубаши, и во местото Куручешме во село Коруоба при ова подрачје.
Во рамки на овие операции се фатени 101 илегален мигрант, меѓу кои има и деца и жени, со потекло од Авганистан, Средно Африканска Република, Мали и Сомалија.
Исто така во овие рамки се запленети два минибуси со кои се транспортирале овие мигранти, и приведено е едно лице за кое се смета дека е организатор на овој транспорт.
По извршените процедури во жандармеријата, мигрантите ќе бидат пренесени во Центарот за враќање странци во Ајваџик.