Свет 05. септември 2018. / 11:39

Труската економија пропаѓа

Труската економија пропаѓа

Економскиот раст на Турција ќе се намали.

Агенцијата за рејтинг „Fitch” ја намали прогнозата за раст на земјата поради валутната криза.

Бруто домашниот производ годинава ќе порасне за 3,8 отсто, а само 1,2 отсто во 2019 година, стои во прогнозите на рејтинг агенцијата објавена вчера. Досега експертите очекуваа економски раст од 4,5 проценти и 3,6 проценти. Во 2020 година, земјата требаше да достигне раст на БДП од 3,9 отсто. „Нашите предвидувања подлежат на значителната неизвесност”- велат од “Fitch”.

Тука спаѓаат политичките грешки, поголемите финансиски оптоварувања во приватниот сектор, геополитички тензии и потенцијални одливи на капитал.

Лирата оваа година падна за 40%, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика во меѓународната трговија да се користат други валути. Лирата падна поради затегнати односи меѓу САД и Турција.